НАПИТОК ОД БИБЛИЈАТА ЗА ПРЕРОДУВАЊЕ

mlist

Забележан е и во библијата, а древните Египќани први го користеле во медицински цели. Драгоценоста во светот на флората помага широко за спектар од здравствени тегоби. Таткото на медицината Хипократ препорачувал концентрат од маслинови листови за заболени од разни состојби. Лековитоста на маслиновиот лист се споменува во библијата. Се нарекува ,,дрво на животот,,. Луѓето уште не се целосно запознаени со моќите на маслиновиот лист користен веќе 3 500 години, а поседува антивирусни својства. Понекаде делува подобро од фармацевтските антибиотици.

Екстрактот од маслиновиот лист го јакне имунолошкиот систем, спречува вирусни болести како што е грипот, олеснува болка во грло, синуситис и воспаление на белите дробови, лекува артритис, псоријаза, хроничен умор и настинки, делува при лекување на рак и противгабично при атлетско стапало, габи на нозе, спречува остеопороза, помага при слабеење и  го одржува менталното здравје.

Маслиновото гранче е познато како симбол на мирот. Затоа не зачудува што чајот од маслиновиот лист делува смирувачки, опушта и благотворно делува врз општото здравје. Успешно се бори против болки предизвикани од грип, херпес, атеросклероза, инфекција на уринарните патишта, хепатитис Б, дијабетес и др.

За чај се потребни суви листови од маслинка и 2200 мл. вода. Листовите се ставаат во зовриена вода и се варат уште 10 минути. Се тргаат од оган да се излади 15 минути. По желба се додава лимонов сок и мед да се збогати вкусот. Се консумира редовно неколку седмици.

Loading