РОДИЈА ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ

japonska cresa

Не се охридски, туку прилепско – јапонски цреши. Втурена со плод е една од јапонските цреши кои се зададени веќе една деценија во старата чаршија. Минувачите во ,,цветната улица,, може да ги забележат зелените плодови на јапонската цреша која што е листопадно дрво со потекло од Истокот и припаѓа на семејството розацеа.

Цветањето на јапонските цреши е една од најубавите сезонски глетки. Воодушевуваа розевите цветови и ги привлекуваа погледите на граѓаните. А сега една е интересна, необична, со зелени плодови. Небаре маслинки зелени закачени на гранките меѓу зелените лисја. Како роди јапонската цреша?

Луѓето кои ја знаат душата и срцето на чаршија и први разбираат што се случува, откриваат дека оплодувањето е резултат на своевиден ангажман на сограѓанин кој ја калемил јапонската цреша, со наша! Прилепска, охридска, кавадаречка, воопшто не е ни важно. Битно е дека има плод кој засега не е за насладување!

Јапонските цреши со нивниот раскошен цвет се симбол на среќата, минливоста и чистотата на пролетта. Нивната убавина блеска околу две недели. Тие само цветаат и не создаваат плодови. Но, ова стебло, да видиме, дали ќе создаде сочни и вкусни плодови. Само никој да не по гранките и стеблото, од кое во дамнешната историја се направило и познатото црешово топче…

Loading