ПОМОШ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА

penzioneri vo maski

Со задолжително посебни заштитни мерки препорачани од комисијата за заразни болести во време дозволено за комуницирање, Здружението на пензионерите презеде корисен чекор за членството.

Според програмираните активности на Комисијата за здравство и социјала се распредели првиот дел од еднократната помош за годинава. Од 65 барања за бањско лекување, на 54 им додели помош од по 20, 30 и 50 отсто од средствата во зависност од висината на пензиските примања. Девет барања се одбиени, оти еднаш искористиле ваква помош.

Комисијата разгледа и 56 барања за еднократна парична помош и според правилникот во зависност од тежината на болеста, материјалната состојба на семејството, од бројот на членовите и болничките трошоцисе доделени 70 или 100 отсто, односно од 1000 до 10 000 денари. Точно 23 членови добија од три до пет илјади денари или најмногу десет илјади денари.

– Ова е втора наша финансиска интервенција за помош на членството. Пред Велигден доделивме ваучери од по илјада денари за колонијални  производи и средства за хигиена на 300 членови. Планирано е да поделиме повеќе од два милиона денари. И во наредните месеци ќе доделуваме  еднократна парична помош – вели претседателот на Здружението на пензионерите, Славко Трајкоски.                                           

Loading