СО ДОМАШНА СМЕСА БЕЗ РАСИПАНИ ЗАБИ

kokos

Здравјето на забите е многу важно, бидејќи мозе да страда целиот организам. Желбата за убави заби тера да се верува на рекламите и да се купуваат разни хемиски производи кои можат и да се штетни за здравјето. Така, многумина користат гумичка за избелување на забите, разни водички за испирање на устата и слично.

Проблемот со кариесот може се решава со најздравото масло, кокосовото. Тоа делува антибактериски и антиканцерогено. Се препорачува за лекување на бројни болести. Овозможува на природен и здрав начин да се избелат забите и спречува кариес. Потребни се само две лажицисо масло, да се чуваат во устата и да се жабурка со него меѓу забите неколку минути. По извесно време, ќе стане густо, бидејќи ги апсирбира отровите од устата. Не смее дасе голта, туку после 5-10 минути се исплукува и устата се мие.

Подобрување се забележува по неколку третмани.

Во косовото масло може да се додаде прстофат мелено каранфилче за засилување на дејството и прстофат сода бикарбона. Со смесата може да се четкаат забите.

Забниот камен е тврда наслага на забите, која се создава со времето. Талогот под влијание на минералите од плунката се зафаќа на забите и се создава забен камен. Појавата се забрзува ако се консумира мека, леплива и кашеста храна, богата со јаглехидрати (благо, бел леб, печива, зашеќерено овошје).

Ослободувањето се прави со 2 рецепта.

За првиот се потребни 30 г. оревови лушпи и малку вода. Оревовите лушпи се ставаат во тенџере и се преливаат со вода. Са варат 15 минути. Во течноста се натопува четката и темелно се четкаат забите 5 минути. Постапката се повторува наутро и навечер.

За вториот рецепт се потребни 4 лажици сончогледови семки, 4 лажици цвет од липа и 1 литар вода. Состојките се варат на тивок оган половина час. Со течноста се мијат забите после секое јадење.

Loading