ДОМАШНИ МАРАМЧИЊА ЗА СОБИРАЊЕ НА БОЈА ПРИ ПЕРЕЊЕ

perenje

Најмалку барем еднаш се случува да се обојат алиштата при перењето, поради заталкан чорап, поради различна боја на алиштата или поради неадекватна температура. За да не се повтори во иднина, особено кога треба да се перат неколку алишта и не се чека да се наполни корпата за да се сортираат, се користат марамчиња кои ја впиваат бојата. Меѓутоа, ако во моментот нема при рака од оние од продавницата, се прават домашни со истата функција, а се многу поевтини.

Потребна е ткаенина од стари памучни крпи, сода за перење (не е иста како сода бикарбона, не се употребува во исхраната, бидејќи многу е алкална со рН 11, а се купува од продавница) и вода. При ракувањето со содата за перење задолжително се носат ракавици.

Се сече ткаенината на квадратчиња 8х10 см. Во еден сад се става 200 мл. топла вода и лажица сода за перење. Крпчињата се натопуват во течноста, па се оставаат да се исушат. После може да се користат составање по едно крпче во алиштата при перењето.

Loading