НАМЕСТО В ЦРКВА, ДОМА ЗАРАДИ КОРОНАТА

Велигден 2020

Veligden 1

Најголемиот и најрадосниот празник кај православните христијани, Велигден годинава се дочека и прослави поинаку. Христовото воскресение беше во периодот на 85 часовната забрана за движење на граѓаните како мерка за заштита од пандемијата предизвикана од коронавирусот. Наместо полни дворови со верници, на полноќ на 19 април во црквите беа само свештениците. Од некои од божјите храмови, службите се пренесуваа во живо. Граѓаните ги следеа на паметните телефони додека со свеќи во рацете стоеја на балконите или во дворовите заради најдолгиот полициски час.

Veligden 2

– Драги браќа и сестри. Да ја поминеме оваа ноќ со Воскресенска радост и христијанско смирение. Да не дозволиме некакви инциденти да го извалкаат нашиот најголем празник – Велигден. Полицајците се наши деца, браќа, сестри, комшии и пријатели, кои кога би можело, сигурно би застанале со нас на молитва. Затоа, сите ние, во овие тешки времиња, да имаме барем дел од трпението на нашиот Спасител, Господ Исус Христос – напишаа во очи  празникот, старешините од најстарата црква, Свето Благовештение на фејсбук страницата.

Veligden 3

Заради продолжениот Велигденски викенд кој мина со најдолгиот карантин, духовната потреба за црквите, дел од прилепчани ја задоволија со посета на божјите храмови на Велики Петок според препораките за заштита од вирусот Ковид 19.

Локалната самоуправа со своите волонтери, претставници на јавните претпријатија, се грижеа за одржување на редот и растојанието. Пред сите цркви се делеа заштитни маски, се дезинфицираа рацете на граѓаните, а верниците ја одржуваа препорачаната дистанца од 2 метра, за чија цел беа поставени налепници ,,Стој овде,, кои го означуваа пропишаното растојание.

Veligden 4

– Христос помеѓу нас! На Велики петок и покрај непријатната ситуација со епидемијата, храмот Св. Петка во Точила, благодарение на беспрекорната организација и несебичното залагање на свештениците и вработените во храмот, како и на волонтерите, ги примаше верниците за поклонение пред Плаштаницата Христова, не прекршувајќи ги безбедносните мерки за заштита и превенција од корона вирусот, пропишани од Владата и МПЦ-ОА – напишаа од црквата Света Петка на социјалните мрежи.

Изостанаа традиционалните посети на домовите и пријателите во неделата на Велигден, кога најмалите дотерани во нови алишта со шарени корпиња во рацете собираа велигденски јајца.

vELIGDEN 7

Забрата за движење почна на Велики петок во 16 часот и траеше до 5 часот, во вторникот на 21 април.

vELIGDEN 8

Veligden 2020

Loading