ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ТУТУНАРИТЕ

342855-0.Basic-Redici

Тутунарите во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта. Државната финансиска поддршка е навремена, затоа што се почнати работите во полето за новата производствена сезона. Владее загриженост поради вонредните ситуации и  ангажирањето на дополнителна работна рака.

На околу 10.000 тутунари во прилепско се делат по азбучен ред околу15 милиони евра субвенции за тутунот, од вкупно 30 милиони евра.  

Инаку во тек е подготвката на расадниот материјал, а во некои места веќе е почнато и расадувањето на тутунот за годинашнава производствена кампања. Во тек е и склучувањето договори со откупувачите. Интересот е зголемен за десетина проценти и тоа кај младите земјоделци.

– Досега се пријавени околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун – вели раководителот на ПЕ од Прилеп на Министертвото за земјоделство, Зоран Пачешкоски.

Тутунот се одгледувал на 7.500 хектари, а годинава се очекуваат 500 хектари повеќе.

Ланската реколта ,,тежеше,, околу 26.000 тони, за која беше постигната просечна цена од 220 денари за килограм. Просечната субвенција  изнесуваше 72 денари за килограм откупен тутун.

Loading