МАСКИ И НА УЛИЦА

Прилепчани мораат да носат маски, марами, шалови, или што било друго за да се покријат устата и носот. Владината мерка е донесена да се создадат услови за повеќе движење и да се гарантира заштитата.

Се воведува мерка за забрана за движење без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл,.) надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл.

Се препорачува редуцирано излегување од домовите, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Засега не се знае  колкави ќе бидат казните за непочитување на овие мерки. Министерството за правда треба да го уреди со Уредба која ќе има законска сила. Има најава дека првично ќе се даваат само опомени, а дури потоа казни. Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна.

Loading