СЕДУМИНА ИЗЛЕЧЕНИ

До заклучувањето на весникот, среда 22.април. беа регистрирани 7 нови случаи на заболени од Ковид 19 во Прилеп и по еден во општините Долнени, во селото Заполжани и во Кривогаштани, од селото Боротино. Или вкупно се заразени 126 лица.

Последниот податок од локалната самоуправа е дека седумина се излечени со потврдени два последователни негативни теста.

За велигденеските празници, како последица од коронавирусот, почина едно лица на возраст од 71 година во скопката клиника, или вкупно четворица.

На инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца се на кислородна поддршка, а останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус. Ним им е земен брис и се чекаат резултатите.

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Loading