ЧАИР ГОСТИН НА ДЕСПИНА

Ракомет

По паузата поради репрезентативни настапи, продолжува првенството во Женската ракометна лига. Викендов Деспина дома игра меч против новоформираната екипа Чаир од Скопје. Се работи за силен противник. Петтопласиран, кој има само 2 пораза на 10 меча. Прилепскиот состав е едно место подолу на табелата.

Машкиот тим Прилеп не успеа да издржи на тешките гостувања во Струмица и Скопје. Прво со 23-22 загуби од лидерот Астраион, потоа со 35-29 од второпласираниот Јуниор КВ.  Викендов е домаќин на Алушовски.

Loading