ШАХ БЕЗ ТАБЛА И ФИГУРИ

Историја

Во летото 1991 година во Радио Прилеп се случи необичен шаховски меч без табла и фигури. Во дуел беа мајсторските кандидати Тане Дулев и Митре Џајковски на идеја на уредникот на емисијата ,,Спортска сабота,,, Драги Башески, Играта ,,шах на слепо,, е Божја дарба и ја практикуваат само врвни мајстори.

-Во студиото бев со двајцата играчи. Тие наизменично ги кажуваа потезите и ги паметеа, создавајќи сопствена слика за распоредот на фигурите. Играа, а не ја гледаа таблата оти беше кај младиот новинар Пеце Димоски, надвор од студиото – се сеќќава Башески.

По долга борба, партијата заврши со реми.

Loading