НИШТО НЕ ЈАДАМ, А НЕ СЛАБЕАМ

slabeenje

Кога некој вели дека ништо не јаде, а се дебелее и не може да ослаби и има вишок на килограми, иако внесува малку калории, би требало да има проблем со хормоните. Инсулинот е хормон за контрола на транспортот на глукозата од крвта во клетките на телото и ја обезбедува потребната енергија. Диетата без слабеење е плод на еден вид ,,алергија,, на клетките на сопствениот инсулин, односно инсулинска резистенција која дебелее без јадење.

Според специјалистите, луѓето со инсулинската резистенција, дијабетес и дебелина, не смеат минимално да внесуваат јаглехидрати. Со малиот чекор на одрекување почнува драматична промена во телото. Се исклучуваат од исхраната овошјето, соковите, тестенините, компирте, оризот…, во долг период на постење, постепено гладување под надзор на лекар.

Причина за дебелеењето е одржување на постојаното високо ниво на инсулин во крвта, ако се исклучи хормонско пореметување и претерувањето со храна. Оној кој многу јаде, секако ќе биде дебел. Дури се можни и хормонски пореметувања со тироидната или надбубрежната жлезда.

Проблем е кога не се јаде многу и крвните анализи се добри на прв поглед, а сепак се дебелее. Се изгледа здраво, а тешко се слабее и брзо се дебелее. Малкумина веруваат во приказните дека не јадат ништо, а се дебелеат. Ова е последица на инсулинска резистенција. Тивка незабележлива болест која дебелее и трае со години и децении. Се нарекува предијабетична состојба која на крајот завршува со дијабетес.

Причините се постојано јадење, грицкање, кое доведува до хормонско пореметување, заболена тироидна жлезда, рак на надбубрежната жлезда, промена на цревната флора, заболен панкреас. Или прекумерен внес на храна, што еден ден телото станува алергично на калории и дава отпор на шеќер. Телото не сака веќе да го носи шеќерот до клетките, бидејќи се полни со енергија, без разлика дали станува збор за вити или дебели. Настанал проблем со метаболизмот на шеќерот. Се трупа во организмот и се претвора во масти кои се таложат по телото и тежината расте.

Ова им се случува и на дебели и на слаби луѓе. И на веганите, и на макробиотичарите и на спортистите, бидејќи тоа не е прашање за економија на калории, колку калории влегле и колку се потрошиле, туку за тоа колку калории се внесуваат перманентно. ,,Моторите,, за согорување на шеќерот се расипуваат, ,,замастуваат,, од премногу јаглехидрати во системот. Оти дел од енергијата е потрошен низ метаболизмот и активностите, а преостанатото се претвора во сало. Нужен е внес на малку енергија, шеќер, а потребен е поголем трошок низ физички активности за слабеење. Тоа е реалност.

Кога ќе се изеде малечка кифла, бидејќи таа е речиси чист јагле хидрат, во телото се претвора во гликоген (шеќер), а шеќерот во крвта го повикува инсулинот од панкреасот. Инсулинот се излачува да се свари шеќерот во клетките, но поради резистенцијата, шеќерот не се троши, а не се троши ниту инсулинот, па се случува една состојба во која истовремено во крвта има високо ниво на шеќер и висок инсулин. Тогаш црниот дроб почнува панично да дава наредби целиот шеќер да се депонира во масти да го извлече од крвта. Високиот шеќер е опасност за телото. Мора брзо да се отстрани. Телото да го потрош или се складира како резервна енергија во вид на масти.

Попластично, инсулинот не го симнува шеќерот сам по себе, туку ги отвора портите на клетките кои го трошат. Кога портирот не може да ја отвори вратата, бидејќи магацинот е преполн, се случува инсулинска резистенција. Кифлата не се дигестира до крај, туку по наредба на црниот дроб, се складира како сало. Така и мала кифла, организмот треба да ја потроши, а не да ја претвори во маст. Приоритет е да се намали внесот на калории и да порасне потрошокот на шеќер.

Дебелите имаат голем потенцијал за извлекување на шеќери. Така стануваат подебели. Особено поради слабата колонија на бактерии за разградба на шеќерите, односно нивното размножување за поефикасна преработка на јаглените хидрати. Така храната за обичен човек од 100 калории кај дебелите дава 130 калории. Или една кифла за нормалните, за дебелите е колку една и половина,

Loading