МИНУС 2-3 КГ. СО ВИКЕНД ДИЕТА

dieta

Сите кои напорно работат во седмицата и немаат време за сериозен пристап  за  намалување на вишокот на килограми, а да не гладуваат. Идеална куса диета е од два дена во текот на викендот. Додека во останатите денови се јаде нормално, без претерување, во сабота и недела со посебен пристап може да се намалат килограмите. Со умерено јадење и со внимателен избор на намирници се постигнуваат ефекти за два дена. Еве дводневно мени.

Сабота – Појадок – ржан леб со 200 гр. козјо сирење, кафе или чај без засладувачи. Ручек – богата салата од 1 авокадо, 1 краставица, 1/2 или еден помал варен компир, 1 парче двопек на парчиња, лимонов сок, сенф, копар и црн пипер. Вечера – 100 гр. риба со зачини, печена, 200 мл. кефир или јогурт со ниска масленост.

Недела – Појадок – чаша зелен чај без засладувач, 2 големи крекери без шеќери. Ручек – богата салата од 2 големи варени компири, 1/2 свежа зелка, 1 чаша пченка, 1/2 лажица маслиново масло. Вечера – 100 г. пилешки гради, 1 варено јајце, домат, 200 мл. кефир.

Loading