ЈАНДРЕЕВИОТ ШПРИЦ

Saso Jasndreski„Јандреевиот шприц“ е нов, уникатен шприц за инјектирање лекови, корисен во медицински цели. Тој е изум на 16-годишниот Сашо Јандрески, ученик во втора година во гимназијата „Мирче Ацев”.

Речиси една година со тим од три професорки ментори, Стефани Видеска, Наташа Милеска-Михајлоска и Моника Богданоска работеше на обликувањето на прототипот кој е прв изум во медицината кај нас по 25 години. Идејата се родила по волонтирањето во Итната медицинска помош и во болницата „Борка Талески”, сакајќи да спасува животи и да се заштитат здравствените работници од евентуална зараза од хепатит Б и Ц.

 

 

 

 

Jandreev s-Шприцот е компатибилен за секакви терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна. По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е за една употреба. Функционира со ротацијата на притисочната рачка. Моето мото е сите да бидеме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет – вели Јандрески.

Според него, ваков модел на шприц не постои никаде, а пред еден месец е патентиран во Заводот за заштита на индустриската сопственост. Се надева дека изумот ќе биде откупен и достапен за употреба. Иновацијата се однесува на дизајн на медицински шприц, со чија имплементација и изработка би се замениле постојните модели на шприцови кои се употребуваат во медицински цели.

Loading