ПРИЛЕПЧАНКА – СТЈУАРДЕСА НА САУДИА АИРЛИНЕС

Како се оствари сонот на Елизабета Николовска за „живот во облаците”?

– Животот на 40.000 стапки над земјата не би го менувала за ништо

Elizabeta 1

Професијата стјуардеса е сон на многу девојки. Во последно време младите успеваат да станат дел од светски авио компании и успешно се носат со предизвикот да се минува работното време на небото. Една  од они кои ја избрале ова атрактивна, но и одговорна професија е и Елизабета Николовска (29) од Прилеп. Преку сајтот Женски магазине таа открива дека веќе втор месец живее меѓу облаците. Посетила доста дестинации и ужива во ангажманот. Случајно се пријавила на огласот за Саудиа, на порталот Вработување додека работела како агент во еден call центар во Скопје.

– Едно од прашањата што ми го поставија претставниците на конечното интервју беше што си чекала толку долго да го оствариш сонот. И сега се прашувам, зошто порано не сум била во чекор на едно различно поглавје. Искрено, не носев огромна желба кон оваа професија. Кога веќе работам, во еден здив велам дека се заљубив. Предизвикот да ги видам убавините на светот од друг аспект и возбудата се неодолив залак за секоја храбра девојка – објаснува Николовска.

Понатаму открива низ прашања и одговори:

Постојано патувате, како го минувате слободното време?

-Престојувам во Џеда, Саудиска Арабија, туристички град кој излегува на Црвено Море. Поради високите температури најчесто сум на базените во комплексот каде сме сместени само девојки или поретко на некоја од приватните плажи. Сместувањето го обезбедува компанијата. САУДИА има организирано превоз до Балат, стариот дел од градот, каде пазариме по пристапни цени и до неколку поголеми шопинг центри. Локацијата на комплексот е во центарот, а во околината има прекрасни ресторани, шеталишта.

Elizabeta 2

По што се разликува оваа професија од останатите?

-Флексбилноста е клучен елемент. Немаме одредено работно време. Секогаш сме на штрек, спремни за следниот лет. Стујардеса е професија што носи многу други професии. Обврската е патниците да стигнат безбедни, здрави и задоволни на избраната дестинација. Саудиа Аирлинес се грижи за своите вработени. Сместени  во најдобрите хотелски брендови во градовите каде патуваме.

Како се промени животот со Саудиа Аирлинес?

-Животот ми се промени во секоја смисла. Го живеам сонот на секоја девојка. Имам доволно слободно време и можам да уживам во малите задоволства кои ме прават среќна и исполнета. Запознав преубави луѓе кои се мојата фамилија и не би можела да замислам ниту еден ден без нив. Се движам и во ниту еден момент не застанувам.

Elizabeta 4

Можеш ли да наброиш некои од дестинации кои ти се омилени?

-Првиот лет ми беше за Каиро преку Медина. Следен лет Лондон, љубов на прв поглед. Франкфурт, урбан и отмен како и секогаш, Женева и на крајот од јули, градот на светлината и љубовта, Париз. Ја издвојувам Женева, небаре  мал Охрид. Духот на градот е како една магична бајка која раскажува приказна што никогаш не завршува.

Дали ја имаш одбрано вистинската професија, дали уживаш во работата?

-Ако треба да бирам професија, пак би ја избрала. Не би го менувала за ништо животот на 40.000 стапки над земјата.

Можеш ли да споделиш едно од твоите омилени доживувања на лет?

-Нема да го заборавам летот за Париз. Беше еден од првите. Три момчиња ми го направија летот презабавен. Одам да ги служам, а тие низ шега се послужуваат сами и ми помагаат за време на летот. На заминување трчаа низ авион и на цел глас како на стадион “You are the best”.  Се надевам  на уште многу убави моменти.

Elizabeta 5

Loading