ДЕМОКРАТИЈА ВО „ДИЛИЖАНСА“

-Демократија, велиш,

-Храм на демократијата.

-,,Дилижанса,,?!

-Да бе.

-Матно?

-Че ти се разбистри.

-Да не ми се замати појче?

-Тогај верувај шо ти велам.

-Го знам составот!

-Па?

-Тие и демократија, ко ти и рикверцо!

-Не врејџај. Знајш дека сум манлија во врато. Да те потсетам.

-Ај!

-Имаше седници?

-Имаше и седници и стојници и легнатици, сé.

-Имаше дискусии?

-Секој со секого, сите со некого и на крај сами со себе.

-И реплики?

-Она, ти че ми кажиш мене, шо се разбираш од длабоко орајне, кој ти дал возачка. Лажиш ко пијаница! Глеј колкав ти е носо, глеј кај сум задоен, да ти ги врати даскало парите во Манастирец…

-То де!

-Бисери!

-Бисер по бисер, гердан. Некош гердано стануваше див трн,

-А трно боди и мислиш сега че пукни некој нос, или че џигероса некое око, па држ, не држ, пушти, затегни да се спаси барем носо или окото… Ама че појдеше нешто курбан.

-И!?

-После че си се гушна, ко ништо да не било,

-До кога?

-До следната размена на различни мислејна, тоа еосновата на демократијата.

-Шо има носо со мислејне?

-Носо не мисли, ама страда од мислејне. Стопано со носо мислел, а не со тиквата. А бе кај си видел демократија без нос, око или без лева рака десен џеп…

-Брав си, така е, ама?

-Шо е сега?

-Личи ко дива демократија, див запад, каубојци без шериф. Како издржале, јака им душа.

-Секош на пионерите им е најтешко.

-Чаушефенди, газдата, строг, ред и поредок. Ти таму седи си на место, од место не се дери, ако не престаниш, не ти турам појче, напи се да не ти се исуши грлото, па да стружиш, прекини кога другио зборува… Очи вадете, само џамојте да остана здрави. Кој че го вика сабајле Бузата пак да клава нови, а нема подебели од шеска…

-Тешко него, загреота.

-Не издржуваше. Загреваше од време навреме.

-И тој е чоек. Го свајчам. Добро е ко не прегревал.

-Ако прегрееше и Вајат Ерп не помагаше. Права демократија! Најтешката фаза од седеницата. Не само да се пазиш од внатрешниот непријател, туку и од надворешнио.

-Како бе?!,

-Чаушефенди, патос! Нема друга служба за ред и поредок. Резето лабо, надвор темно, само некој ѕирка да се шибни…

-Добро е шо нема последици.

-Има, умо да ти се земи. Најмногу газдата. Изваде јаки демократи. Зато оди гордо со рацете на газо,!

-Ги нема полојната од последици?

– Секоја револуција ги јади своите деца. Ама тука се и делата. По делата вечно се паметат. Такви беа нашите демократи, со дела!

-Шо стана со другата полојна..

-Убај, милина да ги слушаш ко че демократат, везат, мирни, тивки, кротки, ама до третата…

-Нема појче муабет со тебе денеска.

-Уште по една?

-Другиопат, ај создравје.

Џага Дур

Loading