СТАР АМА СЕКОГАШ ГОРД

Прилеп низ времето…

Uste eden pogled na star Prilep niz slikarsko oko

Прилепчани носталгично се сеќаваат на времињата. Велат дека поедноставно било сé, иако се живеело во сиромаштија, а прекрасната слика доловува едно такво време.

Овековечен е градот во триесеттите години. На сликава дише со својата автентичност. Некогашниот изглед со мали дуќани, стари кепенци, тесни сокаци, го привлекуваат љубопитното око да ѕирнете  во историјата. Дише со спокојство, едноставност, со архитектонски вредности. Сликава сведочи дека Градскиот часовник вечно бил исправен и гордо го мерел времето. Без разлика што сокачето на сликава не е поплочено, плени со својата природност и калдрмата.

Loading