КОТИЗАЦИЈА – 5000 ДЕНАРИ

Пинг-понг

Според најавите, Собранието на пингпонгарските клубови ќе се одржи на 15 септември и ќе се изврши ждрепка од која ќе произлезе распоредот за Супер лигата, каде членови се прилепските тимови Младост и Младост 96. Претходно клубовите треба да платат котизација за учество од 5000 денари. Инаку, во следната сезона се воведуваат натпреварувања за играчи до 12 години, како и за ветерани. Супер лигата е предложено да стартува на почетокот од октомври.

Лани Младост 96 беше полуфиналист во плеј-офот, а Младост стана вицешампион.

Loading