ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ

DSC05543

Реновирани се клубските простории и канцелариите за пензионерите. Со тоа здружение доби најдобри просторни услови меѓу 53 пензионерски асоцијации во земјава. Здружението инвестира околу два милиони денари сопствени средства.

Заменети се прозорците со изолациски ПВЦ профили со двојни термо стакла за намалување на потрошувачката на енергија за загревање. Клубот се проширува за 30 м2. Се промени и мебелот, осветлувањето, загревањето и разладувањето. Се преуредија и канцелариите на претседателот, секретарот и благајникот.

Пензионерите сега имаат подобрени и попристојни услови во клубот. 

Славко Трајкоски, претседателот на Здружението на пензионерите кажа дека прилепското здружение има најдобри просторни услови. 

Во здружението со овој централен клуб има 11 и во руралните средини.

Loading