ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕН

Прилепчанецот Е.Р.(46), управувајќи мотоцикл Фости со прилепски ознаки, загубил контрола и паднал на регионалниот пат Прилеп – Крушево. Мотоциклистот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во клиниките во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од полицијата.

На 19 август во полицијата било пријавено дека во кафе бар, С.Н., заедно со уште две непознати лица, физички го нападнале Б.И. (21), кој бил заедно со С.Т.(23), двајцата од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 Битолчанката М.Е.(40) пријавила во полицијата дека на булеварот ,,Гоце Делчев,, била нападната од такси возач поради недоразбирање околу плаќањето. Се работи на расчистување на случајот.

Loading