МАРИОВСКО ТОКМЕЊЕ НА ЧУПАТА КО МАГАРИЦА

Ув Галишта, Клино и друзите села маријовски — Боже, слези с небеса, да видиш чудеса! Се женат јергени на девет-дванајесет години, море и сега ош на четиринајесет години, а моми се мажат на 25 години! Да се направи свадбата, понапред ќе биде токмење, че ја пазарат невестата како магарица шо се пазари!

Било једно токмење в Галишта. Отишол таткото на момчето при таткото на момата и му вика:

-Е, Петко! Сношти, к’а си отидо дома, ‘а гледам таја мојата жена и мојето дете, седнале уфилене. ,,Добро вечер,, – му реко. Ни чуа, ни одговорија. После ‘а праша: ,,Мори, шо је ваа работа,,? Жената ми рече: ,,Море, на Петка момата вија некоји ден ќа ја токмеле, па воа нашето дете се мерактисало со неја, чуло и се плачејчи си дојде!,, А јаз му реко на жената и на ергенот: ,,Море, де, де, таа работа лесна је, ча ја искалпиме,,. И сега дојдо при тебе, Петко, ајде, ми го дај чупето за мојот ерген..! ..Море, бре, ча ти го дадам чупето,,, вика Петко, ,,само дали ќа се погодиме? Јаз му сакам скапо,,! Рекол и се задумал, како на пазар, шо че прај, колку пари че сака за черка си?

-Е, де, де, да те чуам, море, коуку скапо сакаш? – му вика тој шо си пазари чупето.

-Ами, неје скапо, вика Петко, туку ча дајиш мене и на мојата жена по едно рало пинци, на мојте синови, тројица мина, на сите по једна сакма,; а за свадбата ча ми дајиш три тенечији гра, 20 оки вино, 30 оки ракија, и тоа црното јунче шо го имаш ча го дајиш да го заколам за месо, надокрај, пет жти озгора че фрљиш.

-Е, бре-е-еј, каква је таја чупа тоуку скапа! Е, се, се ча ти дадам, ама јунчето не го давам. Нека се скрши и таја чупата, вика Петко.

-Лели не го даваш јунчето, оште једен овен дај озгора и земи ја, нека се скапи!

-Е ајде, аирлија нека биде ча ти дам шо сакаш!

-Аирлија чупата!

-И тебе зетот аирлија!

Двајицата маријовци направија токмење – пазарлак!

Loading