АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не е јасно кои побрзо се размножуваат: комарците или комарџиите?!

Х

Кој бавно мисли – брз е на јазик.

Х

Крадец на крадец му гледа низ прсти.

Х

Човекот е единственото суштество во природата кое умее да си ја исече гранката на која седи.

Х

Не верувај во сé што ке чуеш! Верувај во она што ќе го кажеш!

Х

Не очекувај ништо добро од оној кој вчерашната работа ја префрла за утре.

Х

Без патеките од минатото нема одење во иднината.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading