ТЕЛЕГРАМА ОД КОЛЕ ЧАШУЛЕ

Историја

На 15 јуни 1986 година Победа со 4-0 го совлада Осогово и со изедначен број бодови, а подобра гол – разлика од Саса, го освои првото место во Македонската републичка лига, пласирајќи се во Втората лига на Југославија. Клуботприми многубројни телеграми со честитки. Првата беше од прочуениот  писател Коле Чашуле, прилепчанец кој во срцето ја носеше Победа, жител на Скопје. Честитаа и фудбалски клубови: Раднички Крагуевац, Црвена звезда Гнилане, Трепча К. Митровица, Пелистер Битола, Тетекс Тетово, Беласица Струмица, дури и Саса М.  Каменица. Телеграми имаше и од весникот ,,Нова Македонија,,, РО Стокопромет Скопје, ОФС Кавадарци…

Второлигашки беа следните две сезони.

Loading