БЕЗ ШТЕДЕЊЕ

Борење

Државното во борење – слободен стил за јуниори и пионери до 15 години, организирано од БК 7 Мај Леов, ги оправда очекувањата. Во салата на ОУ ,,Добре Јованоски,, 140 надежи го покажаа талентот до последна капка пот, без штедење. Кај девојките Бучим Радовиш се истакна со едно прво, две втори и две трети места. Веднаш до него е 7 Мај Леов со едно прво (Барбара Стојкоска), едно второ (Кристина Велеска) и две трети (Елеонора Темелкоска, Симона Темелкоска). Кај момчињата Лирија освои осум први места, а 7 Мај Леов има две трети (Марјан Мимичкоски, Стефан Стојаноски).

Претходно во Сараево Стојкоска беше ,,златна,, Велеска ,,сребрена,,, а С. Темелкоска ,,бронзена,,.

Loading