МАНТА: ДА СЕ ОСТВАРИ НАШИОТ СОН – ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

Фудбал: По назначувањето за директор на селекциите во ФФМ

-Трета функција, покрај член на УО на ФФМ и претседател на ОФС

Marjan Stojkoski - Manta

Често се слушаат заложби ,,спортот на спортистите,, со цел на раководните места да дојдат соодветни кадри, луѓе што цел живот го посветуваат на некој спорт. Таков случај во фудбалот, несомнено, е Марјан Стојкоски – Манта. Нема период близу пет децении кој не му е поврзан со овој спорт: од дете до сениор во Победа и репрезентацијата на Македонија, подоцна спортски директор на матичниот клуб, а и сега наоѓа време и сили да одговори на три функции. Покрај претседател на ОФС Прилеп, член на УО на ФФМ, прифати да биде национален директор-координатор на сите селекции во фудбалската организација. Желба е успех со сите возрасни категории, со фокус врз сениорскиот тим.

-Максимално ќе се вложиме да ја искористиме историската шанса на оваа генерација. Верувам дека може да се оствари нашиот сон: Европското првенство – изјави Манта.

Тој има почувствувано што е голем успех при освојувањето две титули шампион, пехар од Купот и триесетина европски натпревари со Победа.

Loading