„ОЛЕСНЕТ“ СО СПРЕЈ ЗА 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО СТРУГА

1

Дваесет и шест годишен прилепчанец бил нападнат и ограбен во Струга, му украле 8,8 милиони денари.

Според билтенот на МВР, настанот се случил на 27 август во Струга во 14,20 часот. Како што информираат од полицијАта за деталите на нападот,  Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата ,,Битолски конгрес,,  физички бил нападнат од страна на три непознати лица. Оштетениот изјавил дека напаѓачите го испрскале со спреј (солзавец) и му го зеле ранецот во кој имало 8.800.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот за тоа од кого и зошто бил нападнат младиот прилепчанец кој во ранецот дење напладне носел кеш во себеси од околу 140.000 евра.

Loading