БРАЌА СЕ СТЕПАЛЕ ВО МАНАСТИРСКИ ДВОР

Прилепчанец го нападнал братот во двор на црква.

Како што информираат од МВР, настанот се случил на празникот Успение на Пресвета Богородица кој се празнува на 28 август. Истиот ден, околу 17 часот во Полициската станица Прилеп, Н.С. (39) од Прилеп, пријавил дека околу 16 часот во село Прилепец, прилепско во дворот на манастирот Св. Никола, С.К., физички го нападнал неговиот брат Т.С. од Прилеп, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. 

За целосно расчистување на настанот во кој учествувале двајцата браќа кои се степале во манастирскиот двор на големиот православен празник, се преземаат мерки од страна на полицијата. 

Loading