ТОПЛА ВОДА ПОД МИРИЗБАТА ВО КОСЕЛ

Dali pod slulfrnata rea se krijat rezevi od prirodno bogatstvo

Вулканот во селото Косел кај Охрид, односно сулфатарата Дувало претставува активна поствулканска појава. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од половина метар и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород. Според стручњаците, тоа е последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност. Сулфатарата е поствулканска појава, ретка во овој дел на Европа, затоа претставува природен феномен. Во 70-тите години, охридската локални власти го прогласила подрачјето за природна реткост. Пред десетина години почната е заштитата и уредување на локалитетот и негова промоција.

Просторот има неколку кратери од кои избива гас со карактеристичен мирис на расипано јајце. Се чувствува кога се поминува по патот Охрид – Ресен. Околината е со купишта земја помешана со сулфур. Нема дрвја и животни околу. Ако добро се наслушне, од внатрешноста на земјата доаѓа силна бучава. Кога се гази околу кратерот, се чини дека тлото е шупливо. Мештаните предупредуваат да не се стои подолго од 15 минути, бидејќи постои опасност од онесвестување. Тие ги менуваа местата, бидејќи мирисот на расипано јајце не се чувствува по неколку минути. Опасно е за неупатените. Организмот не се брани кога во него веќе влегол јаглероден диоксид. До колабирањето останува уште малку.

Никој не знае од кога постои единствениот жив вулкан на Балканот кај Косел. Од преданијата се пренесува дека многу луѓе спасот од разни болести го барале во сулфурот и топлата вода што излегува од него. На неколку стотини метри од кратерот кај селото живеат стогодишници, на кои им пропаѓаат електричните апарати дома за една до две години. Така се жалаат коселчани.

Испитувања се вршени повеќепати. Експертите сметаат дека сулфатарата е многу стара. Се развивала во десаретскиот езерски период под влијание на Јадранското Море. Испитувањата покажуваат дека во избиениот гас има јаглероден диоксид над 98 отсто, додека сулфур има над 33 отсто.

Коселчани со години се обидуваат да ги искористат можностите на вулканот и топлата вода што се крие под него. При испитувањата била откриена топла вода од 94 степени на 500 метри. При дупчењето се формирале топли гејзери, високи до 50 метри и се велело дека Охрид лежи на топло море. Геолозите откриле топла вода од околу 30  степени на 80 метри.

Локалните власти правеле обиди за истражувања со контакти со Универзитет од Германија. Дошле и експерти од Исланд. Се проценува дека со топлата вода од сулфатарата може да се греат становите во Охрид, потоа пластеници и други земјоделски површини.         

kaosel vulkan sulfir

Коселчани бараат утврдување на лековитите својства на гасот. Се пренесува дека пред војната се организирал панаѓур кај вулканот. Доаѓале луѓе од цела Македонија, спиеле, живееле, се веселеле со музика и се лекувале. Најчесто се барал спас од кожни болести. Сулфурот го мешале со глина и го мачкале по болните делови од телото. Во потрага по лек од кожни болести и сега доаѓаат масовно жителите од муслиманските села од струшко. Тие турале вода во кратерите, а таа брзо се претворала во пареа над која стоеле кусо време, оти тоа им помагало.

Се памети дека се дупчело околу кратерите, а цевките бргу ‘рѓосувале. Луѓето кои работеле ослепеле и затоа испитувањата прекинале. Паника ги фатила коселчани во 1925 година. Соселанец сонил оти вулканот ќе експлодира и ќе дојде до ерупција. Дознале сите, а некои браќа од селото Речица ја повикале сестра си, која била мажеан во Косел, да се врати да не умре. Повеќето жители се повлекле во плевните подалеку да спасат жива глава. За среќа, ерупција немало и луѓето се вратиле дома. Жителите пренесуваат дека трговци го носеле сулфурот во Солун каде што за грне, добивале грне барут.

Според раскажувањата сулфурот може да биде благотворен, но и опасен со престој кај вулканот. Во близината живеат повеќе луѓе со столетна возраст. Жителите секоја втора година купуваат нови електрични апарати или често ги поправаат, оти сулфурот го нагризува бакарот. Од друга страна, ако се постои околу кратерите, може да настапи смрт. Тројца умреле, оти предолго биле изложени на гасот што извира од утробата на земјата. Во близината често се најдуваат пцовисани диви животни, дури и зајаци, кои не се спасиле, иако се брзи.

Сулфурот бил браник од заразни болести, кои некогаш правеле пустош. Тој ги уништувал бактериите и другите тешки болести. Жителите живеат нормално, како во другите средини, само човек треба да се навикне. По неколкучасовен престој не се чувствува непријатната миризба.

Loading