„ГОВОРОТ НА ЉУБОВТА“

Нова книга на Тони Павлески

Nova kniga na Pavleski

„Говорот на љубовта„ е новата четврта збирка на поетот Тони Павлески, во која се објавени 45 поетски целини со различна тематика.

– Песните се испеани во слободен стих. Провејува лирското пеење. Полни се со љубов, иронија, размисли за животот. Песните се создавани последните две години. Повеќето се поединечно наградувани во земјава и на поранешните ју – простори. Дел се преведени и на англиски и на српски јазик. Сега се пакувани во целина – вели поетот.

Павлески досега објавил три збирки поезија и хаику ,,Воскресозборие,, 2002 г. и ,,Икона,, 2005 г. и хаику збикрата ,,Во Деницата,, 2015 г. Објавувал во повеќе македонски периодични гласила. Негово хаику е застапено во “Антологија на светско и балканско хаику”, како и во збирката ,,Стихом  говорим,, во која има автори од сите балкански простори.

За успесите на меѓународен план со хаику творештвото добитник е на 3 – то Ноемвриска диплома на град Прилеп.

Loading