МАСЛОТО НЕ ПОТЕМНУВА СО ЧЕПКАЛКИ

Бабини марифети

lice

Без резерва треба да им се верува на бабините совети, поради долгогодишното искуство. Помагаат практичните бабини сознанија.

По рендањето сирење или моркови, рендете најлесно се чисти ако потоа изрендате стар подзасушен леб. Да не загори путерот додека се загрева, во тавата пред тоа додадете малку масло, а потоа путерот. Маслото да не потемни, во тавчето ставете неколку чепкалки и по неколку секунди извадете ги. Ако кожата на лицето е овената, се освежува со мешавина на 20 гр. свеж квасец со 2 лажици вода. Со кашата се мачка лицето. Нежно се масира неколку минути. Се остава кашата од квасец да се исуши, а потоа се мие со млака вода. Ефектот изненадува.

Доколку се мешаат три дела 90 процентен алкохол и еден дел вода, се добива совршено средство за чистење дамки од ликер, шеќер и црно вино. Ако во алкохолот се додаде бел оцет, успешно се чистат дамки од кафе и чај. Подзасушен и тврд лимон полесно се цеди, ако набрзина се натопи во врела вода. После лимонот се меси како тесто минута-две. Изненадувачки е колку сок ќе излези од лимонот.

Повеќето мрснотија од сварената супа се отстранува ако ја оставите да се излади. По извесно време се остава во замрзнувач. Вишкот мрснотија се крева на површината, што потоа лесно се собира.

Loading