НАД 1 000 УЧЕСНИЦИ ВО ТРКАТА

Поддршка и помош на лицата со церебрална парализа

trka-7

Повеќе од 1.000 граѓани со уплата на котизацијата од 100 денари учествуваа во рекреативно донаторската трка за опремувањето на Дневниот центар за лица со церебрална парализа во организација на Општината, Гентерм Македонија, Комфи Ангел и Регионалната стопанска комора. Средствата ќе се искористат за центарот кој ќе биде од голема помош за родителите кои имаат деца со церебрална парализа.

– Секој собран денар е од полза. Родител сум на дете со попреченост, мило ни е за отворањето на Центарот. Мислам дека овој Центар би бил добар како за физичкиот, така и за интелектуалниот, когнитивниот, мисловниот развој на децата со попреченост. За родителите ќе биде од голема помош, бидејќи доколку не се бабите и дедовците да ги чуваат децата, немаме можност некаде да работиме и да придонесуваме за дома. Кога би ги оставиле во целодневен престој, би работеле, а децата ќе бидат згрижени како што треба. Центарот ќе вклучува и вработување на неколку родители во зависност од образованието и потребите. Моето дете има седум и пол години и сме се сретнале со многу неприлики за школување и престој на децата, а тука спаѓаат и работата и егзистенцијата на родителите – вели Бранка Пројческа, родител на дете со попреченост.

trka-10

Во новиот Дневен центар за лица со церебрална парализа Општината вложува 2.5 милиона денари. Исто толку средства ќе вложи Министерството за труд и социјална политика. За месец ипол се очекува финиш на реконструкцијата на објектот и целосно опремување.

Loading