ВРБОВИЦА ЛЕЧИ ПРОСТАТА

prostata

Најголемите здравствени проблеми за мажите е простатата. Речиси сите ги доживуваат ако дочекаат длабока старост. Простатата е мускулест орган колку орев кој прстенасто го затвора уринарниот канал. Произведува секрет кој пренесува сперматозоиди.

Со стареењето, мажите имаат проблеми најчесто со проширувањето на простатата, акутни и хронични воспаленија и сé почесто рак. За жените се проблем градите или репродуктивните органи, а за мажите простатата.

Мажите се мачат со честото мокрење, неможност од потполно празнење, општа слабост, болка во долниот дел на грбот и гениталиите, проблеми со ерекција, ејакулација итн.

Голем е изборот на природни одговори. Најраспространета е употребата на сок и чај од брусница и семе и масло од тиква. Најмоќно оружје е тревата врбовица или свиловина. Растението го имаат билкарите на пазарите. Актуелно е, оти треварката Марија Требен од Австрија излечила илјадници пациенти со проблеми со простатата.

Постојат повеќе видови врбовица. Лековита е розевата со ситно цветна врбовица, планинската, темнозелената, ридската, алпската, барската и песочната врбовица. Се попарува лажица на сува или свежа билка со 2 дл врела вода. Содржината стои 5-10 минути. Се вади тревата, а чајот се пие двапати, наутро на празен стомак и навечер пред спиење. Се пие неколку недели и доаѓаат првите добри резултати. Со овој чај се лечат мочниот меур, бубрезите и ракот на простатата.

Чајот е со пријатен вкус, сосема безопасен. Нема потреба од зголемување на дозата.

Loading