КОЈ ГО ОПОЖАРИ ВОЗИЛОТО НА ЛОКВЕНЕЦ?!

Полицијата треба да открие кој го опожари возилото на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Возилото Мини Купер било запалено откако Локвенец присуствуваше во Преспа на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Како што е наведено во полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп на 17 јуни во 23:05 часот пријавил дека непознат сторител го опожарил патничкото возило Мини Купер со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Екипа на Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот.

Според СДСМ, опожарување на автомобилот на пратеникот Хари Локвенец, е уште еден вандалски чин насочен не само против највисоките функционери на  партијата, туку и против европската иднина на државата. Опожарувањето на автомобилот на нашиот сопартиец, Хари Локвенец, е дел од сценариото на ДПМНЕ за предизвикување немири и дестабилизација на државата, велат од СДСМ.

Упатија апел до надлежните институции што поскоро да ги преземат сите законски мерки и да ги откријат извршителите и нарачателите на гнасниот чин.

Реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откаде за говорникот на прес конференција од ОО СДСМ, кој настанот со палењето на возилото на пратеникот Хари Локвенец, го поврза директно со ВМРО-ДПМНЕ, најавија соодветна тужба за клевета, доколку во законски предвидениот рок, не ја повлече изјавата и не се извини.        

Loading