НИКАКВО БЕЗОБРАЗИЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО СМЕНИ ИДЕНТИТЕТОТ

pismo-2

Во грчкиот устав пишува – ,,Ни еден Грк не смее да се откаже и да рече дека не е Грк,,. Барам реципроцитет,,. Идентитет сум јас, и никакво безобразие не може да ми го смени.

Во договорот склучен ме”у Грција и втората страна во Прспа, во член 7, точка 4 се вели: ,,Македонскиот јазик е во групата на јужнословенски јазиции не е поврзан со античката цивилизација, историја, култура и наследство на северниот сосед на првата страна,,.

Вистината содржи конкретни докази, а не нечии калкулаци. Македонците, уште од 6 век п.н.е. имале азбучно писмо, астрономски календар, археологија. Директен извор за парелелно егзистирање на античките Македонци и Словените е делото на античко македонскиот писател Јован Коменијат. Во неговото дело ,,За заземањето на Солун,, од 904 г.  се вели – ,,Нам, пријателе, Татковина ни е Солун. Јас првин ќе те запознаам со тој град, бидејќи низ него спознав многу работи, за кои никогаш не знаев, за големиот и прв град на Македонците. Населбите се во соседството, една до друга, па и тоа, покрај другото, малку им е на солунчаните со Скитите (Словените), па општата преку трговски патишта. Најдобро е кога едни со други се во слога и кога не креваат оружје за жестоки  битки,,.

Ова известување на Коменијат кажува дека во 9 век, 3 века по доселувањето на Словените, меѓусебните односи меѓу античките Македонци и Словените биле стабилизирани, што било широка подлога за симбиоза која течела неодминливо. Солун, кој никогаш Словените не го зазеле со сила, е најдобар показател за симбиозата.     

За понатамошното егзистирање на македонскиот народ, унгарски анонимен хроничар во 896 г. вели: ,,Откако поминаа неколку дена, Зуард и Кадузе, со сета своја војска ја препловија водата на Дунав и ја зазедоа тврдината Берои. Потоа отидоа кај тврдината Сердика. Слушајќи го ова, граѓаните, Бугари и Македонци, многу се исплашија од нивниот изглед,,.

Известувањето на овој хроничар јасно укажува дека граѓаните на Сердика, денешна Софија, паралелно егзистирале Македонци, покрај Бугарите непосредно пред создавањето на големото Самуилово царство.

Се поставува прашањето, кој народ е следбеник на целата македонска земја? Одговорот ќе го најдеме во римското право, кое важело во периодот на доселувањето на Словените и после тоа. Поаѓаме од тоа дека античките Македонци, кои се симбиоза на Илири, Траки, Епирци, Фригијци стапиле во симбиоза со дојдените Словени преку меѓусебно склучување на бракови. При тоа, царот Јустинијан во 118 и 127 новела од corpus juris civilis  ги дава основите на законскиот наследен ред. Првиот сите потомци на оставителот, во вториот влегувале претците како и полно родните браќа и сестри на оставителот, третиот, полуродените браќа и сестри, четвртиот го сочинувале страничните крвни сродници (colaterales), петтиот го сочинувале мажот и жената. Ова е направено во полза на крвните сродници.

При постоењето на овие важечки прописи, децата на мажот, антички Македонец и жена Словенка, го наследуваат целиот имот на таткото без разлика дали во семејството се зборува античкомакедонски јазик или словенски. Овие основни наследноправни односи, кога се применуваат масовно на два народа кои стапиле во симбиоза и кои го даваат денешниот македонски народ, гледано во глобала, го даваат правниот следбеник на целата македонска земја.

Сите околни народи изразуваат претензии кон македонска земја, претставувајќи се како правни следбеници врз основа на некои споредни факти. Но, ниту еден од тие народи не се нарекува македонски народ. Присилното држење на македонската земја претставува противправно владеење, бидејќи се заснова на сила и страв како што пишува Иво Пужан во ,,Римско право,,. Противправно е држењето на македонската земја од друг народ под окупација на друга земја од македонскиот народ.

Воопшто не е чудно известувањето на Плутарх од делото ,,Животот на Александар Велики,, кој  во делот за разоружувањето на Теба вели – ,,Тракијците заради тоа ја врзаа Тимоклеја и ја доведоа пред Александар. Кога кралот ја запрашал која е таа, одговорила дека е сестра на оној Теаѓан кој се борел против Филип за слобода на Грците, па како војвода загинал кај Херонеја,,.

Неколку века по настанатата симбиоза, македонската земја речиси целосно е населена со македонски народ, чиј јазик е слогонагласен, кој се диференцира и денес е диференциран под влијание на домородните фактори во посебен македонски јазик.           

Во вековите што следат, Македонија и понатаму е населувана со исламизирани Албанци од Албанија, влашки бегалци од погромот во Епир, турско и бугарско население во Пиринска Македонија, присилна грчка колонизација во Егејска Македонија со кои дури е изменет и етничкиот состав на Македонија. Меѓутоа, титуларот на сопственоста на македонската земја засекогаш останува на македонскиот народ додека постои еден Македонец.

Примариус Д-р. Б. Дамески

Loading