БАБИНИ ФИНТИ ЗА ЛИЦЕ

babini sovetiЗа нега, не мора да се оди подалеку од кујната. Потребни се  само неколку бабини рецепти, волја и малку време. Илјадници години, жените се грижат за себе, за состојбата на лицето и телото, косата и ноктите.

За коса се потребни две лажички жолт шеќер во чаша ладно масло. Додајте  десетина капки масло од лаванда, рузмарин или нешто друго за арома. Сето тоа добро измешајте го. Нанесете го составот на косата и измијајте ја косата по 10 минути.

Потопете половина чаша ленено семе во 4 дл. вода и оставете го тоа преку ноќ. Наредниот ден, гответе ја смесата додека половина вода не испари и не се добие гел структура. Супстанцата оставете ја да се излади. Ќе добиете гел за коса што дава неверојатен сјај.

За зацврстување на косата нанесете пиво на влажна коса. Најдобро е во шише со пумпа. Потоа стилизирајте ја косата со витлери, фигаро, фен и чешел според вашата креација. Ќе имате траен ефект.

Наместо лак за коса ставете на оган 4 лажици шеќер во 300 мл. вода. Штом ќе зоврие, исклучете го горилникот и чекајте смесата да се излади. Содржината ставете ја во шише со спреј и употребувајте колку што е потребно. Силата на стврднување зависи од количината на шеќер.

imagesМаска за сува кожа на лицето се подготвува со половина банана која се претвора во каша со вилушка. Се додава половина чаша овесни снегулки и лажица мед. Додадете малку вода да се добие крем. Се нанесува на лицето и се држи десет минути. После исплакнете го лицето.

Маска за мрсна кожа се прави со пасирано киви со додаток на белка од јајце и лажица сок од лимон. Се мачка лицето и се држи додека не се исуши. После се мие.

Пилинг за лице се рави со сок од половина лимон, лажица маслиново масло и мед. Сето тоа се меша да стане хомогена маса. Додајте половина чаша шеќерен кристал и мешајте повторно. Се нанесува со кружни движења на лицето и се плакне со вода.

Loading