ТКАЕНА СТЕГНАТА, УСПАНА ВО СЛАМЕНА ПОСТЕЛА

Везови на македонска основа

– Полска и планинска носија декорирана со метални стари пари наредени како рибини лушпи

costumes-macedoine-Koco Racin Macedonian Ensemble of Folk Dances and Songs from Skopie Macedonia

Народната облека ретко се носи. Останало традиција да ја извадат од каселите и облечат, да ја помирисаат старината, обично играорци од разни културно – уметнички друштва или гости од странство и да впијат од душата на македонштината, од изворот на Македонија.    

За народните обичаи на претците се пишувало, размислувало, истражувало бескрајно… Зашто, секој народ својот животен од и чекор го правел котелче по котелче, чекор по чекор крадејќи и додавајќи нешто од уникатните старини на своите оригинали.

Елекот и кошулата како роба или фустан се стари стотина години. Сопственичката починала, а облеката се наследува за потсет кога волната и памукот се основа за ткаење черги. Спиењето во сламена копа под ведро небо и ѕвездена романтика е интересно доживување.

Со мерак се везела носијата векови. Момите уште од девојчиња. Прв вез научен од блиските. Со рацете се ткаеле креации. Во кујната, и со вретеното, над разбој. Интересен е задниот дел на носијата, ситните разнобојни монистра и едноставниот орнамент. За некои тоа е мизерија, но за дел од современието, интересен е духовниот здив и логичност во специјалитетите подготвени на питуличарник, лебот зафатен со песната на петелот, печењето во ѕидани фурни на десетина сомуни во форма на погача, носени на штица, а фурната зажарена со слама.

Македонската жена се раѓала за борба со животот за скромен опсатанок. Особено селските жени се калиле низ судбините. Се ронеле со одгледување деца, земјоделски и домашни работи. Трудољубиво ранеке полно усти со 10 вредни прсти на двете изгребени дланки на рацете.

Од поколение на поколение преку ткаењето на носиите, се стегале да напредува мислата, да се усовршува естетката на домашните ракотворби. Комбинации на текстил, на волнена преѓа со колоритни везеници, со декорирани орнаментни покривки за главата кај жените или шубари, клашни за мажите, мозаик од сременици на празнични џамадани, свечени, обредни или обични облеки со додавки од торбиња, скутини наџиџани со гајтани, метални украси, токи, реси, пулејки, монистра, плетени калци, плетени или ткаени чорапи, китење со цветови, пердуви на косата, редица како рибини лушпи стари метални пари… Кога ќе се додадат пафтите, сребрените игли, жици, разни филигрански украси – лиени, графирани имаме графура на лик на тип на прабаба – стара селска или градска жена, на која по украсите на облеката и се мерел и статусот во општеството и економската моќ, семејната положба и општествените односи.

Loading