ЦРТЕЖ НА МОНИКА МОТЕСКА ВО ГОРНИ МИЛАНОВАЦ

Цртежите „Препариран инсект 1 и 2“ од уметницата Моника Мотеска се пофалени на 14. Биенале на минијатурна уметност во Горни Милановац, Србија. Признанието е добиено во силна конкуренција. Цртежите се оценети како дела со висок уметнички и професионален дострел и ќе се најдат меѓу 478 дела од 322 автори.

На изложбата се изложуваат слики, графики, скулптури, цртежи, применета уметност, фотографија и интермедија. Дело ќе има и нашиот фотограф Роберт Јанкулоски.

Loading