ЖИВЕЕ СПОМЕНОТ ЗА ТОМЕ ТЕМЕЛКОСКИ – ВЛЕЧКАРОТ

ZA NASLOV

Планинарскиот клуб Мамути го организираа планинарскиот марш „Томе Темелкоски – Влечкарот“.

20180415 135802

 

– Ден за паметење! Споменот за Томе Темелкоски – Влечкарот уште живее! Голема благодарност за сите учесници. Големо благодарам до нашите фамилии – кои нé трпат вакви какви што сме (забегани планинари, што наместо да спијат, скитаат по планини кај мечките и волците). Се гледаме в година на третиот планинарски марш посветен на Томе Темелкоски Влечкарот – напишаа на Фб страницата на клубот, а како доказ ставија над 100 прекрасни фотографии.

Изразија благодарност до водачите, мајсторите во кујната и спонзорите кои им помогнаа да го реализираат настанот.

Planinarski

Педесетина планинари на Картуш ја крстосувале природата. Неделниот пролетен поход бил 25 километри. Стартот на прошетката бил од манастирот Св. Илија во месноста Писокал, пото низ археолошкиот локалитет Висока и финиширал на историското место Маргара. Планинарите се потсетиле на славната битка кога комитите со осум жртви ликвидирале 200 османлиите во 1903 година. На чело на четата бил војводата Ѓорче Петров.

Planinarski mars

Loading