Предвелигденско освежување
Три супермаркети во еден ден добија прилепчани. Во средата, на пазарниот ден пред најголемиот православен празник Велигден беа отворени три нови продажни простори со прехранбена и техничка стока. Со тоа граѓаните добија поголема понуда на артикли со пристапни цени.
На вториот кат од Стоковната куќа, Стибера ексклузив отвори нов хоме центар. Продажниот салон е трет и тоа на локација во строгиот центар на градот. На свеченото отворање имаа многу изненадувања и попусти за посетителите. На излезот од Прилеп, кај Могилата отворен е Ангромаркет. Соработуваат со Нептун. Располагаат со богата палета на прехранбени производи. Наспроти поранешниот Пионерски дом пак, никна маркет од Стокомак со пониски цени на сите производи и можност прилепчани да заштедат денар повеќе.
Отворањето на големите маркети покажува дека Прилеп е атрактивен за трговците, или дека се зголемува куповната моќ на сограѓаните. Економистите велат дека конкуренцијата е добра за потрошувачите.