КУЗЕВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, РАБОТНИЦИТЕ СЕ ФАТИЈА ЗА РАБОТА

Во Еурокомпозит

Od protesti se vratija na rabota   Eurokopozit

Откако генералниот директор на Еурокомпозит, Александар Кузевски  поднесе неотповиклива оставка, работниците штрајкот го ставија во мирување. Продолжи работниот процес во погоните на Еурокомпозит од 2 април. По неколку месечните протести, од улица се вратија на работа. Вработените очекуваат назначување на нов директор. Со заминувањето на раководството од фабриката, се исполни уште еден услов, покрај она што добија од Владата по една просечна републичка плата и ветување дека во рок од шест месеци ќе се најде излез од лошата состојба. 

– Има работа по договорите за странство и за МВР. Со Владата е договорено во наредните шест месеци да добиваме по една нето плата и да се реши ситуацијата во компанијата – вели Роберт Богданоски, претседателот на синдикатот на Еурокопозит.

Синдикатот има поднесено приговори до Бордот на директори по неодамнешните 10 решенија за суспензија на членовите на Синдикатот и очекуваат нивно решавање. Десеттемина членови на Синдикалниот одбор беа суспендирани од директорот Александар Кузевски со образложение дека ги носат во заблуда работниците и ги спречуваат да работат. Синдикалците пак, имаа целосна поддршка од колегите.

Работниците од Еурокопозит се надеваат оти компанијата ќе се стабилизира. Околу 260-те вработени побаруваат 16 заостанати плати и неисплатени придонеси од јуни 2012 година.

До затворањето на весникот се уште не беше назначен генерален  директор на фабриката за наменско производство. Има најави дека новиот генерален директор ќе биде од Прилеп. Се шпекулира дека на позицијата ќе дојде Златко Граороски. 

Loading