ПРАШИНА НА МОСТ

Prilep stara fotografija

Многу дуќани од старата чаршија се урнати во минатото. Чаршијата не била распространета само на денешниот простор. Била исткаена со разно-разни занаетчии. Десетици плитарени дуќани со кепенци паднаа и исчезнаа вечно во пепелта на историјата. Дрвениот мост од кај црквата Благовештение бил небаре порта, влез во стара чаршија. Ката ден по него итале минувачи, движејќи се кон градското јадро за ваква или онаква потреба.  Прашината на мостот често ја газеле и војници во униформа.

Старите фотографии предизвикуваат солзи кај потомците, зашто ќе се потсетат на претците. Навлекуваат и радост дека растел градот, се разубавувал. Фотографијата враќа спомени за едно време. Време кога во чаршијата некогаш испотен ковач крај мевот ковал потковици, дека соседи му биле наланџијата, ортомџијата, налбатот, калајџијата, дека некогаш имало акџилница…

Loading