Расипаната стока се фрла во контејнери, а што да се прави со расипаните луѓе?!
Х
Ветуваат дека ќе се борат за нас до последната капка наша крв.
Х
Толку често ги менува партиите што во моментов ни самиот не знае каде членува!
Х
Многу безобразни се фалат со образованието …
Х
Кога еден гради, а друг руши, секогаш плаќа – третиот.
Х
Политичарите се како феникси. Постојано се возобновуваат во истите.
Х
“Мислам значи постојам!” Оние што не мислат подобро опстојуваат..
“Д-р Хаџи-Васков”