ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ

Ракомет

Згуснат е распоредот на женскиот тим Деспина. По загубените мечеви со Пелистер и шампионот Вардар, вчера беше дуелот со Вардар јуниор, а викендов дома со Металург. Машкиот суперлигаш Прилеп, по очекуваниот пораз од фаворитот Охрид (21-29), во вторникот беше дуелот дома со Вардар јуниор (28-32), а в сабота е мечот во Радовиш. Тешката борба за опстанок продолжува. Младите ракометари даваат се од себе и така ќе биде додека постојат шансите. Настапуваат: Ангелески, Амзоски, Ѓероски, Алексоски, Илиески, Јанески, Свртинов, Стојаноски, Галев, Шокоски, Симоноски, Крстески, Ивчески, В. Трајкоски, Д. Трајкоски и Тинтор.

Loading