РАСТРЕПЕРЕНИ СРЦА НА СТАНАРИТЕ

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Домот за стари лица

gdelcev

По повод роденденот на својот патрон, учениците од ОУ „Гоце Делчев“ одржаа пригодна програма за станарите од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“. Децата внесоа радост во срцата на повозрасните и разубавија едно нивно попладне.

Училишниот хор ја изведе химната. Во програмата учествуваа Леонид Колевски – хармоника, Благица Блажеска – виолина, Марија Јошеска – флејта, Кирил Јовчески – гитара, Марија Наумоска – пијано, Ивана Стојкоска – гитара, Марта Стоилкоска – соло, Александра Кузманоска и Марија Наумоска – танц.  Програмата се проследи со аплаузи и покана повторно да ги посетат и да им бидат гости на луѓето од третото доба.

Содржината ја реализира наставникот Љупчо Мирчески.

Приредбата е дел од активностите предвидени со КА2 проектот, “Љубовта е за сите”, од програмата Еразмус+ на ЕУ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Loading