Многумина сметаат
дека се следбеници на Итар
Пејо, но ај што не го имаат
неговото име ама уште помалку од
неговата остроумност.
А
Верувам во подобра
иднина! Тогаш од
моите афоризми
ќе можам да си
изградам куќа.
А
Нешто сепак се
движи напред! -извика
ракот откако го
забележа
полжавот.
А
Заборавете ги
македончињата, сега сите и млади
и стари сме
МАКЕДОНЦИ!
А
Од ангели и демони
се помалку има воздух
за обичните
луѓе.
А
Фабриките беа на
работниците, а
останаа во рацете
на. неработниците.
А
Се јавија стотина
писатели со свои
ракописи. Не е
познато колку
нивни читатели ќе
се јават!?
Г.Хаџи-Васков