НАГРАДИ ЗА БК 7 МАЈ

Борење

Наградите се сатисфакција за вложениот труд и поттик за продолжување во истиот правец. Ова му се случи на БК 7 Мај Леов на Прогласувањето на најдобрите за 2017 во Скопје. Признанија добија сите категории. Меѓу борачите се: пионерката Барбара Стојкоска, сениорската Тамара Игнатовска, младинецот Теодор Темелковски, а во редот се додадоа судијата Илчо Марковски, претседателот Јане Тренчевски и тренерот Саше Игнатовски. За Игнатовски имаше уште еден важен настан – учеството на Третиот меѓународен семинар за тренери, воден од Бугаринот Кирил Ватев, инструктор од Светската федерација за борење.

Следен настан е Изборното првенство во Штип.

Loading