НАДЕЖНА НЕДЕЛА

Ракомет

Апсолутно ништо нема ново со ракометниот суперлигаш Прилеп. Нема прв собир, што подразбира дека нема активности првиот тим. Дознаваме дека тренираат само младинците. Вака не било досега. Изминатите години благовремено, по новогодишно – божикните празници, почнуваа тренинзите. Се знаеше со каков играчки кадар ќе се настапува. Сега? На сите играчи им било кажано дека имаат отворена врата и можат да заминат безусловно. Некои тоа право го искористиле, други уште прашувале дали има подобрување на условите. Никој не е начисто што може да се случи со клубот. Штета ќе биде ако се дозволи отпаѓање од Супер лигата, оти шансите за опстанок се реални. Некои велат дека има надеж дека нешто може да се случи по конференцијата во РФМ викендов. Можеби ќе имало некаков предлог за излегување од оваа ситуација. Ако нешто се подобри, ако нешто се обезбеди од финансиски аспект, можеби ќе дојде до средување. Така може да се очекува конечно стартување со подготовките

Време има, бидејќи првенството обично почнува во март.

Loading