ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

humanitarnaСОУ Гимназија „Мирче Ацев

Вторпат гимназијата „Мирче Ацев“ организираше хуманитарна акција за Домот за деца доенчиња и деца без родителска грижа во Битола. Се вклучија и членови на Младинскиот интеракт клуб од Прилеп и Битола, кои организираа хуманитарна забава под наслов „Неон парти”. Од забавата собрани беа средства со кои се набавија чаршави за креветчињата во домот и средства за лична хигиена. Атмосферата при посетата била збогатена со вештите раце на неколку гитаристи и распеаните и весели ученици кои со љубов и радост ја исполнија просторијата и донесоа насмевки и задоволство на децата згрижени во Домот. Во акцијата несебично се вклучила бившата гимназијалка Катерина Иванова Вангелова, која донирала повеќенаменски апарат за подготвување на храна, а редовниот поддржувач на сите хуманитарни акции Витаминка донирала пакет производи и подароци. 

 

 

 

 

 

humanitarna Gimnazija– Целта на акцијата е да им посветиме колку што може повеќе внимание и да им подариме малку повеќе радост на најчувствителната и најранлива категорија деца, згрижени во Домот, а воедно и да се поттикнат на солидарност и хуманост сите други категории на граѓани за несебично да ги споделуваат своите материјални и духовни вредности – пишува на веб страната на гимназијата.

Хуманитарна акција беше во чест на Св. Никола, патронот на градот, во координација на професорот Ружа Ангелеска. 

Loading