ЗЛАТНИК МЕЃУ КОРИ

DSCN1974

Златник со ликот на Богородица и 39 инчен телевизор Филипс доби Јована Бошевска од Жито Прилеп. Таа ја пронајде среќната паричка во бурекот со кој традиционално се одбележува празникот Василица. Жито Прилеп како општествено одговорна компанија постојано ги наградува потрошувачите.

– Традиционално се одбележува празникот Василица со вртење бурек со паричка. Тоа е ден кога секој секого го прашува „Кај кого падна паричката?”, а социјалните мрежи изобилуваат со фотографии со среќните пронаоѓачи. Годинава малата Јована беше најсреќна во Прилеп. Среќни сме што младите семејства ја негуваат традицијата на одбележување на празникот, а особено ни е драго што довербата за квалитетна храна и ја дале токму на нашата компанија – рече Елизабета Мојсоска задолжена за односи со јавност во Жито Прилеп.

На подарокот се израдува семејството Бошевски, особено најмладите членови Јована и нејзиното братче Ведран.

DSCN1975

Loading