БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД 9 ДО 11 ЧАСОТ

Sovet 2

Советот на Општина Прилеп даде виза на одлуката за бесплатен јавен градски превоз за пензионерите, односно за жени со навршени 62 години и мажи над 64 годишна возраст. Автобусите  на ЈП ПУП ќе ги превезуваат пензионерите без да платат секој работен ден од 9 до 11 часот.

Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ ја напушти седницата во знак на поддршка на притворените од настаните на 27 април во Скопје. Тие не одговорија на прашањето на претседателот на Советот, Миле Талевски, дали со напуштањето на седницата се откажуваат и од советничкиот надоместок.

– Мегудругото, се усвоија плановите за вработување во 2018 година на ЈОУ дом за стари лица “Киро Крстески – Платник” и градската библиотека “Борка Талески” – и други одлуки рече претседателот на Совет, Миле Талевски.

Инаку, висината на месечниот паушал на членовите на Советот на Општината е 15.000 денари.    

Loading